речник контакт

Награда во Словенија, за учениците од Горно Оризари

Тие изработија креативна топка од еко материјал

Петар Печков

Меѓународна награда 4-то место освоија учениците од 4-то одделение од ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари. Изработена е од рециклирана хартија, обложена со лушпи од јајца. На неа се мотивите од македонски народни носии и афион и златни класја. Оваа награда е освоена во конкуренција на училишта од 8 држави, освен од Македонија од Словенија, Хрватска, Србија, Б и Х, Црна Гора,  Австрија, Италија.

Моите вредни ученици со наградената топка се горди  што успешно го промовираме нашето училиште ООУ,,Рајко Жинзифов,,општина Велес и нашата сакана Македонија – вели предметниот наставник Лила Арсова. 

Како награда добиле 400 УХУ парчиња лепак и можност за учество на спортски натпревар кој Словенците ќе го организираат до година во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »