Петар Печков
Објавено: петок, 01 септември 2023
На денот на погибјето на македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски, во неговата родан Војница беше одбележана 82 годишнина од смртта. Дел од содржините беше и доделувањето на наградата за животно дело, кое годинава го доби Атанас Крлевски.
Наградата ја доделува Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. Крлевски е автор на 13 книги, од кои една е хаику поезија за деца, прва во Македонија.
„Оваа награда е признание и чест и многу ми значи. Таа е резултат на мојата работа, на трудот кој го вложувам. Продолжувам и натаму со пишување додека можам. Благодарност на здружението за признанието“ - кажа Крлевски. Од 13 издадени книги 10 се со афоризми а три со хаику поезија.
Пред спомен бистата на Неделковски свежо цвеќе положија делегации на Општина Велес, ЛУ „Народен музеј Велес“, Локална библиотека „Гоце Делчев“ и на Клубот на писатели Коста Солев Рацин. Во чест на поетот, членови на клубот „Коста Солев Рацин“ читаа стихови од стихозбирките на културниот деец.
Присутните на манифестацијата ја посетија и спомен собата на поетот Коле Неделковски.
Пред спомен бистата на поетот во кругот на средното стручно училиште, што го носи неговото име, „Коле Неделковски“ делегации на Општина Велес и на јавни институции положија цвеќе и му оддадоа почит.
Tweet |