речник контакт

Населување на ситен дивеч во велешките ловишта

Во ловиштата на ЛД ,,Руен,, пуштени се 750 полски еребици и 370 фазани. Бројни ловџии од странство доаѓаа да ловат во велешко, Грци, Италијанци и Шпанци

Петар Печков

Во ловиштата на Ловното друштво ,,Руен,, од Велес деновиве  се изврши населување на дивеч. Ова е во согласност со  развојната програма за работа, со која добија и концесија за ловиштата. Така тие не вршат само отстрел туку и населување на дивеч.

Извршивме населување на ситен дивеч на неколку ловишта каде сме концесионери.  Беа пуштени 370  фазани и 750  полски еребици. Со ова ја исполнивме програмата за годинава. Очекуваме од есен добра сезона - изјави Ване Нанов од ЛД ,,Руен,, од Велес. 

Во овој период е ловостој за отстрел на дивечот. Ловната сезона за прелетен дивеч започнува од 2-ри август -грлица, потполошка, гулаб а фазанскиот дивеч и еребицата се дозволени за отстрел по 11-ти октомври. 

Во велешките ловишта во периодот кога е лов, доаѓаат бројни странци. Најмногу се Грци, Шпанци, Италијанци... 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »