речник контакт

Натпревар во спомен на голманот Паунот (фото)

Борец (ветерани) - Македонија (ветерани) 4:5

Петар Печков

По повод шест години од прераната смрт на голманот на велешки Борец Зоран Паунов, традиционално се одигра ревијален натпревар помеѓу ветераните на репрезентација на Македонија и селекцијата на Борец . Колку за одбележување победи репрезентацијата со 5:4 .

За селекцијата на Борец настапија 20-тина фудбалери кои минале заедно во редовите на велешкиот лигаш, додека репрезентативниот дрес го е носеа ветераните:  Зоран Мицевски,  Кире Гроздановски,  Жанко  Савов, Хусеин Неџмедин, Дарко Стојковски, Горан Ставревски, Саша Ќириќ,  Борче Јовановски,  Светозар Станковски..  Паунов во кариерата освен во Борец бранеше и во Вардар и Пелистер.

 Селекцијата на Борец ја водеа Љубе Велковски и Перо Ранготов, кои  потсетија на голманот Паунов.

 Зоран беше одличен голман и прекрасен човек, Прерано згасна неговиот живот, за жал. Се работи личност која не сплотуваше сите. Игравме две сезони заедно, во ситуација кога се боревме грчевито за опстанок а тренер  беше Зоран Мишиќ.  Таа година во Делчево против Брегалница Зоран одбрани одлично и помогна за опстанок.  Бидејќи заедно игравме во добрана, одлично соработувавме, знаевме кој каде треба да застане,  што и кого покрива. Беше лесно да се комуницира со него - вели Велковски.  

  Со Паунот четири години бевме заедно на терен а како тренер една година и случка која остана вечно да се помни. Тоа беше баражот за  Караорман на Градски во Скопје. Заврши во регуларниот дел нерешено 1:1, толку беше и по продолжението а по пенали Борец победи и остана во Македонската прва лига. Паунот добрани четири пеани, тој не спаси. Тој имаше одлични голмански квалитети. Помалку тренираше ама на натпреварите го  надополнуваше со полн жар и голема љубов кон Борец, се внесуваше и го даваше максимумот - вели Ранготов.

 Стрелци за Борец ветерани: Јовановски х 3 и Б. Нацев од  пенал 

За Македонија  (ветерани): Јовановски, Димовски,  Трајановски,  Савов, Ставревски.

 Натпреварот се одигра на Градски.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »