речник контакт

Најважната работа на светот го отвори новиот велешки театар

Тоа е дом за првите луѓе, кои создавале театар во Македонија а се велешани. И актерите и публиката добија современи услови за работа следење на претставите

Петар Печков

По децении чекање  велешките актери и нивната публика, добија нова театарска зграда со современи услови, со големо име ,,Џинот,,.  Таа беше отворена со  премиерата на  претставата ,,Најважната работа на светот,,  во режија на Љубиша Георгиевски по текст на Братислав Димитров.  

Така сонот на многу генерации велешки актери беше исполнет, да добијат  нормали услови за работа. Театрологот Ристе Стефановски новата зграда ја нарече дома за основоположниците на македонскиот театар, на првите луѓе кои одиграле едночинка сите се родум од Велес. 

Пресреќен сум што театарот во Велес  конечно доби свој театар. Го паметам одамна, тој има своја историја. Првата театарска во Македонија во 1874-та е прикажана во Велес, работена од Џинот,. Сум ги посетувал претставите на велешки театар  од првата и затоа сум радосен и среќен, што конечно,  Џинот, Симидов, Филипов,Жинзифов првите луѓе кои создавале театар во Македонија,  добија свој дом, се вратија дома -рече  Ристе Стефановски.

За неговиот колега Иван Ивановски ова е голем ден не само за велешкиот туку и за македонскиот театар, оти отворањето на нова зграда е  настан од големо значење за државата. 

Секогаш кога се отвора нов театар, е настан за една држава. Ова е голем чин, кој апсолутно го заслужува вниманието кое го има, како и споредбено во какви услови актери работеа.  Велешкиот театар има голема иднина со добивањето на  новата зграда - изјави  Иван Ивановски.

Актерите не го кријат воодушевувањето од техничките услови во театарот, салата била  акустички совршена со интимен простор каде публиката е на дланка,  се слушала секоја нејзина  реакција и се воспоставувал заедничкиот флуид.

Премиерата беше прв допир на нас актерите со публиката, дури и кога пробавме немаше никој од техничкиот дел на  театарот. Мислам дека претставата ќе има долг живот, од изведба во изведба ќе расте, ние како актери сме многу задоволни. Сепак насмевката е најдобар пат да се допре до другите - рече Васил Зафирчев уметнички директор.

Тој најави дека доколку гостите актери во претставата се  слободни, доколку немаат ангажман во нивните матични театри, се обидуваат да закажат уште два претстави. Од крајот на јануари ќе продолжи со  нејзиното прикажување а од февруари и останатите од тековниот репертоар. на театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот  

 Поминавме одлично, адреналинот кај нас актерите  беше на високо ниво.  Пред почетокот сите бевме радосни, еуфорија,  како на мало дете кога ќе му подарат играчка, а ние добивме нов театар.  Иако публиката како на секоја премиера беше малку ,,стегната,, очекувам дека таа ќе се развива  со секоја наредна претстава. За овие два месеци работа со режисерот Љубиша Георгиевски,  минавме еден мал факултет - рече   Маја Љутков.

Во претставата настапи целокупниот ансамбл на велешкиот театра како и гостите Благоја Чоревски, Зоран Љутков и Ирена Ристиќ. Актерот   Александар Ѓоргиев е сведок  на два големи чина на театарот во Велес, на обновувањето на во професионален  и отворањето на новата зграда. 

Многу се радувам на овој момент кој многу години го чекавме. Добивме прекрасни услови за работа,  не само за нас туку и за гледачите, така што сите заедно  можеме да создаваме нови чинови од театарската игра -рече Ѓоргиев која неодамна ја доби и награта Петре Прличко за животно дело.  Нему и на  останатите велешки актери, легенди на македонското глумиште, токму оваа премиера им ја посвети родениот велешанец Благој Чоревски.  

Многу сум возбуден, пресреќен, ова е момент како кога Ви се раѓа дете.  Како роден велешанец тоа да играм во  првата премиера во новата зграда з а мене е чест, не привилегија.   Играв и во старата зграда, каде дуваше од сите страни. Улогата ја посветувам на сите велешки актери кои играле во овој театар  а заминале од  него а тие се бројни. Традицијата која велешани ја имаат во театарот ја нема друг гад и затоа Велес заслужува еден ваков модерен објект - рече Благоја Чоревски.

Во претставата освен него како гости настапуваат и Ирена Ристиќ и Зоран Љуткова, како и целокупниот ансамбл на велешки театар. Костимограф е Мери Ѓоргиевска, сценограф Валентин Светозарев а музиката е на  Гаврило Миловановиќ. 

Ова претстава ја третирам како една од многуте која ќе ја имаме на репертоарот, таа е како и секоја друга. За мене беше важен чинот на отворањето, но и тоа што режисер беше професорот Љубиша Георгиевски, што за нас актерите беше едно прочистување, една лекција.  Сепак добивме театар, кој дава услови за совршена претстава - рече актерот Зоран Љутков.

Тој како ученик во далечната 1994-та, кога како дете одел во театарот, за прв пат ја видел макетата од зградата. Дознал дека треба д се гради и неговите пресметки, биле дека треба да заврши 2000-тата, кога  планирал да заврши за актер и да игра на нова сцена. Тој завршил, ама театарот а не започнал да се гради. Тоа се случи на 23 мај 2008-та  а летово беше предаден во употреба.

Првата претстава, се одигра саботата вечер. Театарот има две сали, големата е со капацитет од 370 седишта додека малата од 120.  Идејни творци на  зградата на театарот се архитектите Илија и Моника Стојчевски и Билјана Христова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »