речник контакт

Најкраткиот комерцијален лет од само две минути

Поврзува два шкотски острови оддалечени 2,7 км. Видео снимка од патувањето

Петар Печков

Најкраткиот комерцијален лет на светот се одвива меѓу островите Orkney, поточно Вестреј и Папа Вестреј, на северот од Шкотска. Оддалечени се само 2.7 километри.

Со рутата оперира Loganair, а официјалната должина на летот е 2 минути. Сепак, кога условите и ветерот се идеални, летот може да биде комплетиран за само 47 секунди.

Карта е 30 долари по патник, и се разбира, без послужување. Островот Папа Вестреј пак, е дом на само нешто повеќе од 70 луѓе, но има 60 археолошки наоѓалишта. Затоа и најчести патници овде се туристите, а не бизнисмените, како при другите комерцијални летови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »