речник контакт

Најмногу се губат лични карти, пасоши и возачки

АКО ПАТУВАТЕ − ПРОВЕРЕТЕ ГИ ПАТНИТЕ ИСПРАВИ! За првиет шест месеци Македонците изгубиле 30 илјади вакви документи

Петар Печков

Бројките покажуваат дека, дали случајно, дали од небрежност или поради лоша среќа, граѓаните често остануваат без своите документи. Само за првите 6 месеци од оваа година во службеното гласило „Службен весник на Република Македонија“ пристигнале вкупно 29.226 барања за објави на повеќе огласи како што се изгубени лични карти, свидетелства, разни дипломи, возачки и сообраќајни дозволи и други побарани објави.

Пасош изгубиле и побарале објава за неважечка патна исправа 1140 лица. Оваа бројка за првата половина од годинава е речиси идентична со минатото полугодие, бидејќи за цела 2012 година пристигнале 2401 барање за објави на неважечки пасош. Највисоката бројка секоја година ја држат објавите за изгубени лични карти.

Во текот на минатата година објави за неважечки документ побарале 21.182 лица, а годинава до 30 јуни, во службеното гласило се објавени 9159 огласи за неважечка лична карта.
ЈП Службен весник на РМ сака да ги потсети и да ги имформира граѓаните дека веќе не мора да доаѓаат на шалтерите за објава туку дека тоа можат да го направат и по електронски пат. Потребни се само неколку клика на  веб-страница www.slvesnik.com.mk, па клик на банерот - уплата за објава на неважечки документ преку интернет или директно преку линкот на http://euslugi.slvesnik.com.mk/Announ cements.aspx.

На истиот линк, за неважечки, може да се објават и возачка и сообраќајна дозвола, бидејќи уште  пред 2 години  ЈП Службен весник на РМ преку  Проектот – Интеграција со надворешните системи овозможи електронска размена со Министерството за внатрешни работи во делот на објавите за неважечки документи, а воведе и електронска наплата со користење на сите платежни картички кои имаат поддршка во Република Македонија.

Ова е алатка која треба да се знае, бидејќи годинава, за шест месеци, 1.513 лица останале без својата сообраќајна дозвала, а дури 2.519 без возачка дозвола. Минатата година, тоа им се случило на речиси 10.000 граѓани,  од кои 6.983 останале без возачка, а 2769 без сообраќајна дозвола.

Сите оние, кои немаат можност по електронски пат да го надминат проблемот со објавата за неважечкиот документ, можат  да гос торат  во која било подрачна единица на МВР на РМ, каде што на шалтерите ќе можат да ги подигнат веќе подготвените уплатници, соодветни за документот кој треба да го објават, да ги внесат потребните податоци и да ја уплатат цената за соодветниот оглас во која било банка.

ЈП Службен весник  ги  потсетува граѓаните дека за секоја уплата за објава на кој било од овие четири документи, што ги издава МВР на РМ, потребно е да се знае бројот на изгубениот документ, а барањето, односно уплатницата да бидe уредно и целосно пополнета.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »