речник контакт

Недела вечер, Федра премиерно на Стоби

Во претставта настапуваат Васил Зафирчев и гостинката до Љубљана Марушка Облак. Музиката во живо на сцена ја изведува Сашко Костов од инструменти создадени од отпад

Петар Печков

Недела вечер  велешкиот театар премиерно ќе ја  биде изведена четвртата премиера во оваа сезона,  дуо драмата ,,Федра,,. Оваа праизведба на текстот на Сашо Димоски е во рамките на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,.  Режијата е на Александар Ивановски а играат Васил Зафирчев и Марушка Облак. Таа е гостинка од Љубљана, од Словенско Младинско гледалиште, со кого  велешкиот театар копродукциски ја работи оваа претстава.  

Мојата Федра носи истражување што значи митот денес за нас, како да го најдеме во денешниот момент и како да ги отвориме  прашањата кои се вечни. Ова е автентично читање на Федра, така што апсолутно сум сигурен дека е претстава возбудлива за доживување.  Во претставата се двајца исклучителни актери Зафирчев и Облак со кои  го поместивме митот до неговите граници.  Посветено цела  екипа го развиваше процесот на работа и заеднички ги дефиниравме клучните прашања кои се отвораат во претставата. Напорен и благодарен процес, со соработници кои сакат да ги истражат своите граници,  границите на митот и границите на различните стварности. Екипа која е отворена и не поставува ограничувања. Очекувам публиката да дојде отворена за ново искуство, ослободена од очекувања како еден мит изгледа, ова е радикално читање - изјави режисерот Ивановски.

Ова е негова втора претстава  која ја  работи античка тема, првиот пат исто така за Фестивалот ,,Стоби,,  претставата ,,Хамлестија,,   со Викторија Терзиева и Јордан Витанов.  Сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Раде Василев,  додека голем и  важен дел од целата претстава е музиката која ја изработи Сашко Костов.

 Музика тој ќе ја изведува во живо во текот на претставата.  Костов, создал импресивен инструментариум од наново создадени инструменти,  од различни отпадни  предмети.  Така Костов создал своја верзија на ќемане, харфа, кои се поставени на пултот и ќе музицира во живо.  Значаен дел од претставата е видео  дизајнот кој се дело на Данчо Стефков.  

Текстот е инспириран од митската матрица   за љубов меѓу млад маж и повозрасна жена и пречка меѓу нив, која е во фигурата на таткото  и сопругот. Тоа е односот мајка син и  маќеа посинок.   Мене како автор ме интересира менталните и емоционални разлики  меѓу  возрасна жена и помлад маж. Како и сите аспекти на љубовта кои се случуваат меѓу  нив -   рече авторот на  текстот  Димоски.

Неговата книга со текстот за оваа претстава ќе биде промовирана веднаш по премиерата, во издание на Култура. Претставата се игра на малата сцена. Истата ќе биде прикажана и на МОТ на 26 септември  а   на 24-ти септември со неа се отвора фестивалот ,,Импакт,, во Велес.  Претставата ќе се игра на турнуси, во периоди кога Облак ќе биде присутна во Велес.  

 Многу сум благодарна за искуството што овие шест седмици се здобив за време на престојот во Велес.   Заедно со Васил заминавме на патување не само на Федра и Хоплит, туку и нашето приватно и тој ми стана вистински пријател. Ова беше болен процес во кој си признавме   за вистината се ослободивме од полувистината, лажната верба и илузија - рече Марушка Облак. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »