речник контакт

Некаде масовно, некаде празни кутии

Каде, на кое избирачко место во ОИК Велес, ОИК Лозово, ОИК Градско и ОИК Чашка, имаше најмногу гласачи, каде кутиите беа празни

Петар Печков

Според податоците на ДИК 

Во Општина Велес на  десетина избирачки места имаше одѕив повисок од 40 отсто, а  две беа под 10%. Еве ги избирачките места каде излегле најмногу гласачи:    На двете избирачки места во Детската градинка  кај Жаба зграда имало над 40%

ИМ 2148 -43%

ИМ 2149 -41,5%

На ИМ 2153 во Гимназијата Кочо Рацин, каде гласале граѓаните од ул. Благој Ѓорев имало 43%. 

 На ИМ 2194 во село Црквино има одѕив од 41%.  На ИМ 2196 каде гласат жителите околу зградата на СИЗ-от за становање има одѕив од 43%. 

Највисок е одѕивот во село Бузалково каде на двете избирачка места има излезност од 47 односно 43,6 отсто. На ИМ 2202 во село С`лп има одѕив од 44%.  

На избирачките места 2210 и 2210/1 во населба Горно Оризари  има идентичен одѕив од 39 отсто или сите што излегле гласале ,,ЗА,,. 

 Под 20 отсто гласачи имало на ИМ 2173  во ОУ Благој Кирков каде гласаат граѓани од  дел од ул. Вера Цири Вири, Ѓорче Петров и Стефан Богоев со 18,8%.

 На ИМ 2179 во поранешното ОУ ЈХ Џинот каде гласат граѓани од ул. Партизанска, Родна Ивева, Славјанска,  Андон Ќосето излегле 19,4%.

 На ИМ 2208 во населба Превалец има одѕив од 18,4%.   

На  две избирачки места има излез под 10 отсто и тоа на ИМ; 2190 со 6% или од 34 запишани гласале двајца - тоа во село Рудник и на ИМ 2207 во село Оравоец  има излез од 8% од 12 лица гласало едно.  

 Во Општина Градско  на две избирачки места во село Горно и Долно  Чичево се забележани највисока и најниска излезност.  На ИМ 2221 во Горно Чичево има 54,5 и сите биле ,,ЗА,, додека на  ИМ  2222 во Долно Чичево излезноста е 5%. 

Во Општина Лозово  најмногу  гласачи излегле на ИМ 1704 во село Сарамзалино 51,2% додека најмалку во село Кишино ИМ 1709 12,5%, тројца од 24 запишани. 

 Во Општина Чашка  најмногу гласачи излегле на ИМ 2205  - 69% и 2205/1 - 55% и двете во Горно Јаболчиште.   Најмалку пак на ИМ 2212 во село Бистрица од 18 гласачи гласал еден или 5,5%.  Висока излезност имало на ИМ 2213 во село Нежилово со 48,6% а ниска во село Ореше ИМ 2214 5% или од 139 гласале 7. Во село Голозинци ИМ 2232 одѕивот бил 50% а во Долно Врановци на ИМ 2245 излегле 4,8% или еден од 21 запишан.  

При презентирањето на податоците да се потенцира дека се на порталот Ти реков ми рече 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »