речник контакт

Нема шуга во велешката касарна, туку заболен војник дошол да служи воен рок

Болести има и во образованието, здравството и во Армија, не е точно дека болеста потекнува од касарната - изјави Шеќеринска

Петар Печков

Војник доброволец кој дошол да отслужува воен рок бил заболен од шуга, неточно е дека болеста потекнува од касарната во Велес. Вака ја коментираат состојбата во касарната ,,Алексо Демниевски Бауман,,  во Велес, од Министерството за одбрана. Болеста потекнувала од едно лице кое почнало пред три недели доброволно да го служи воениот рок. 

Тоа не е нешто кое треба да не вознемири, бидејќи апсолутно е неточно дека касарната не функционира. Напротив војникот кој бил регистриран дека ја има одредената болест е испратен дома и уште двајца војници се на надгледување. Се работи за војник на доброволно служење војска кој со соодветната здравствена состојба почнал да го служи воениот рок, меѓутоа поради одредениот период на присуство на болеста која не може да биде регистрирана од страна на здравствените органи, бил таму. Имаме осум илјади војска и се разбира дека тој систем функционира и болести имало и ќе има. Тоа е природен дел од работата која ја имаме. Болести има и во нашето образование, здравство и во нашата Армија - изјави  Радмила Шеќеринска министер за одбрана.

Заразениот војник како и сите други војници на почеток на службата бил прегледан за да се утврди неговата здравствена способност, но со оглед дека тогаш уште траела инкубацијата, заразата не била откриена. Војникот сега е испратен дома, но постојат сомнежи дека шугата се проширила кај уште двајца војници кои сега се набљудуваат.

Сите останати војници редовно ги извршуваат своите должности во посочената касарна, со исклучок на викендите кои секогаш ги поминуваат дома, велат од Министерството.

Шугата претставува инфективно, паразитарно заболување со карактеристични кожни промени и силно изразен јадеж. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »