речник контакт

Нова кривична за директорот на Киро Куќук

Овој пат се товари и сопругата, за заедно сторена штета од 250 илјади евра

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето K.К. (48) од Велес , поради основи за сомнение дека сторил  кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против М.К (37) исто така од Велес, поради основи на сомнение дека сторила кривично дело - “помагање во извршување на кривично дело”.

Пријавените кривичните дела ги извршиле во текот на 2007/08/09 година. Киро Камчев како претседател на УО на АД Киро Ќучук од Велес, а воедно и како мнозински акционер во АД Киро Ќучук и М.К. сопственик на фирмата “Ројал Ким“ од Велес, иако знаеле дека  друштвото  е неспособно да ги извршува своите обврски, меѓусебно склучиле договори за отстапување на цесии во вредност од 9 милиони  денари, без никаков основ.

Притоа, АД “Киро Ќучук“ побарувањето кое го имало од ИГМ “Еленица“ го отстапило во корист на “Ројал Ким“, а како основ бил непостоечки договор за позајмица. М.К. на 22.07.2008 година без никаков договор враќа парични средства на АД “Киро Ќучук“ во висина од 7.196.342 како позајмица, а тие средства во фирмата “Ројал Ким“ воопшто не се книжени.

К.К. во текот на 2009 година, исто така во готово, ја враќа непостоечката позајмица. Со така изготвена фиктивна документација, за овие зделки, фиктивни цесии, го ставаат во повластена положба правното лице “Ројал Ким“ во однос на другите доверители. Како одговорно лице, К.К. искористувајќи ја својата службена положба и овластување, со пречекорување на своето службено овластување, не поднел предлог за поведување на стечајна постапка по што со составување на фиктивни цесии и признавање на непостоечки обврски, прибавиле значителна имотна корист, односно овозможил М.К. да се здобие со значителна имотна корист а на штета на останатите доверители. Со ова кривично дело пријавените направиле вкупна материјална штета од 14.726.048 денари.  

Директорот на Киро Ќучук, К.К. е најмногу осомничен од директорите во градот за незконски дејствија. но дел од пријавите се отфрлаат, дел се процесуираат. И нема ниту една правсилна пресуда ослобдителна или дека е виновен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »