речник контакт

Нови 18 случаи позитивни на ковид-19, вчера 13

На Инфективно одделение згрижени се 23 пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа нови 18 случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко,  без оздравени и вчера беа регистрирани 13 нови но имаше и четворица оздравени. Ова се податоците на Министерството за здравство. 

Максимумот по бројот на ново заразени во велешко, во овој четврти бран  беше достигнат во петокот кога имаше 22 нови случаи во еден ден. Бројот на активни случаи во велешко денес попладне е  125 лица.

„Вкупно се хоспитализирани се 23,  од кои  20 се потврдени позитивни, двајца се  сомнителни и еден пациент е со негативен тест но задржан на болничко лекување. На кислородна поддршка се 12 пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница .
 
Капацитетот на Инфективното одделение како ковид центар е 54 кревети.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »