речник контакт

Новини во организацијата на Рациновите средби

Наградата Рациново признание годинава за прозна книга, која е иновација во форма, структура и содржина

Петар Печков

Здружението на граѓани ,,ФАД Стоби,  кое го организира Фестивалот на античката драма ,,Стоби,,  ја  доби надлежноста  да ги раководи и ,,Рациновите средби,,. Ова е одлука по распишаниот конкурс на локалната  власт а за делегирање  на културите манифестации во градот.  За директор на 52-то издание на Рациновите средби е именуван актерот и уметнички директор на велешкиот театар  Васил Зафирчев.   Тие од почетокот на месецов веќе ги распишале и  наградните конкурсите  на манифестацијата. 

Чудно ми е што по  50 изданија на Рациновите средби, никој не се запрашал, зошто се доделува награда за прозно дело, кога Рацин беше поет. Токму затоа одлучивме од годинава да доделуваме награда за прозна книга, која е иновација во форма, структура и содржина.  Одлучивме жирито да биде минатогодишниот победник, во случајот тоа е Паскал Гилевски и  професорките на Филилошкиот факултет при УКИМ , теоретичари на книгата Марија  Георгиева Димова и Елизабета Шилева  - изјави Зафирчев.

 Познати се деновите кога ќе се одржи 52-то издание, тоа е 11-ти до 13-ти јуни.  Новина е што е воведена наградата ,,Антологија на болката,,, која е намената за необјавена поетска  збирка на автор дебитант,  со љубовна поезија од современ македонски поет.  Како награда манифестацијата, заедно со издавачката куќа ,,Култура,, ќе ја издадат книгата на авторот победник, по деновиве распишаниот конкурс.  Првиот ден од поетската манифестација е одреден за доделување на наградите, вториот ден е  централното обележување процесијата   1000 свеќи за Рацин а третиот за посета на гробот на Рацин на  Лопушник. Повеќе детали за содржините, организаторот најави до крајот не месецот. 

Цел ни е д а излеземе од затвореноста на оваа манифестација, која се однесуваше со години наназад на поетите, книжевниците и авторите. Сакаме да ја отвориме кон поширока публика, да стане градско чествување на Рацин,  неговото дело и творештво. Да ги опфатиме младите, три дена велешани да живеат за средбите. Затоа нема да има поетски митинг, кој за жал со години наназад  собираше само  по стотина посетители. Останува музичкиот портрет на познато авторско име - објасни Зафирчев.  

Додаде дека авторската награда останува иста  како претходните години, илјада евра а буџетот со кој располагаат за организирање на 52-те Рацинови средби  е 650 илјади денари. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »