речник контакт

Ново сведочење како Николова ветувала вработување во МВР а наплатувала во евра

Обвинетата Николова тврдеше дека оштетените всушност биле лихвари од кои земала пари за лекување

Петар Печков

Судскиот процес за кривичното дело измама за кое е  обвинета Десанка Николова вчера продолжи и заврши во Основен Суд Велес.  На   рочиштето обвинетата Николова беше  донесена  од Шутка, од притвор  кој и беше одреден  од судијата Адеми, бидејќи го избегнуваше појавувањето во судот.    Прво што   и кажа судијата на обвинетата е дека таа треба да има почит и  кон институцијата Суд и кон судијата.   По ова беше сослушан сведокот Игор  Симоновски од Зелениково, кој бил врската помеѓу отштетеното семејство Станоевски од Крива  Паланка и обвинетата  Николова.  

Јас како завршен  со Факултет за безбедност  барав работа и пријател Александар Михајловски ми  кажа дека познава личност, Десанка која може да заврши работа за мое вработување. Се  сретнавме со неа, прашав за условите. Ми кажа дека ќе ме чини 1,2 илјади евра преку нотарски договор за заем. Се согласив отидовме кај нотар, таа го извади листот, го потпишав и сам не знам што пишува и платив. Требаше да ме вработи како полицаец. Тоа беше прва рата. Оштетената Александра ми е колешка до  факултет. И се слушав со неа. Во една пригода ме  праша за вработување и кажав за Десанка, но таа нека си оцени  дали може да се заврши работа за вработување на брат и.   Подоцна побрав преку Деснака да ја вработи и сопругата, таа се согласи и ми рече дека ќе ми одобри попуст и за 750 евра, прва рата со договор за заем. Но ниту јас, ниту сопругата сме вработени до днес. Парите ги  брав милијарда плати преку телефонски  повици, преку СМС, но  не се добиени -  рече сведокот Игор.  

Неговиот предмет за измама, каде тој и сопругата се оштетени бил  пратен во Скопското обвинителство, но таму воопшто не бил започнат да се работи уверува Симоновски,  додека велешкиот е завршен.  Во  сведочењето на оштетената фамилија  Станоевски од Крива  Паланка  се споменуваа некои звучни имиња како  Пепиќ од МВР, Илија,  Веле пратеникот. 

Како сведок  беше сослушана и обвинетата Николова.   Таа  не го признаваа  делото, оти  парите кои ги добила тврди дека биле за заем за да се лекува а оштетените всушност биле лихвари од кои позајмила со камата.

Бев во лоша материјална и финансиска состојба . Ми треба   пари за заем. Игор ми даде тие не се вратени. Игор ме уценуваше да му ги вратам парите и плус уште 500 евра за да сведочи во моја корист.  Парите кон семејството Станоевски ги испатив во  петокот  попладне 183  илјади денари.   Тие  се две илјади заем а илјади   евра се камата. Парите ми требаа за лекови кои ги набавував од  Германија  - рече Николова кој потенцира дека е вработена во  Министерството, за култура   во секторот за издавачка дејност.  

На ова нејзино сведочење обвинителката Гордана Тодорова како доказ во постапка ги понуди вибер и месинџер пораките помеѓу обвинетата Николова и отштетана Александра Станоевска, каде точно и прецизно било пишано за која намена се парите а  сведочењето на Николова, обвинителката Тодорова го појаси дека е начин да се избегне кривичната одговорност.   Пресудата судијата Адеми дополнително ќе ја објави.    

На Николова и се судеше  за кривично дело измама, која го сторила во периодот од 7-ми август  до 3-ти септември лани, кога  во повеќе наврати ги довела во заблуда оштетените, татко и ќерка,  лажно прикажувајќи дека може да го вработи нивниот син, односно брат во МВР на огласот за прием на полицајци, кој бил во тек. Таа се повикувала на блиски пријателски односи со влијателни луѓе од актуелната власт и МВР, со што ги навела оштетените да и исплатат вкупен паричен износ од 183.500 денари и тоа етапно, како што течеле активностите околу конкурсот за вработување.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »