речник контакт

Ноќна акција на УЈП и СВР низ Велес

Три угостители не го регистрирале плаќањето, а фатени и пушачи во затворени простории

Петар Печков

При вчерашните контроли на УЈП во Велес, кај 3 угостителски објекти констатирани се неправилности во делот на фискализација, односно не е регистриран прометот во готово. Додека во 2 случаи утврдено е прекршување на забраната за пушење, информираа  од  дирекцијата на УЈП.

Велешката полиција пак од 19.00 до 23.30ч. со инспектори од УЈП реализирала  акциска контрола во делот на почитување на одредбите предвидени во „закон за заштита од пушење“. Посетени биле повеќе угостителски објекти. При контролата констатирани се 5 прекршока од физички лица по „закон за заштита од пушење“ .

Изготвени се 5 записника за констатиран прекршок, и против истите ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд. Од полицијата информираа дека иако Законот со кој пушењето го санкционираат и тој важи од почетокот на годинава, во јануари немале пишано ниту една пријава, оти ги едуцирале пушачите со санкциите кои следат ако бидат фатени на дело  со запалена цигара во затворен простор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »