речник контакт

ОК Борец во победничка серија

Со три победи во серија одбојкарите на Борец пролетва најавуваат борба за разигрувањето и повторно враќање на клубот на старите позиции во овој спорт

Петар Печков

Со три победи во серија одбојкарите на Борец пролетва најавуваат борба за разигрувањето и повторно враќање на клубот на старите позиции во овој спорт. Победничакта серија го врати оптимизмот во екипата, која е составена од млади домашни велешки одбојкари, без засилувања а враќањето на Жабев и Стојанов во вториот дел до првенството ги даде првите резултати.

  - Наша цел е враќање на одбојката на некогашните позиции, кога беше спорт број еден во Велес.   Оваа сезона сакаме да влеземе меѓу првите четири екипи во лигата, со млада екипа која наскоро ќе биде засилена со велешани кои учат во странство а се враќаат дома, ќе бидеме уште посилни. Нема освоеениот куп во 1995-таа да биде единстен трофеј во нашите витрини, од година ќе има многу можности да се радуваме –  оптимистички изјави Ласко Јорданов претседател на ОК Борец.

Новото раковдство планира од клубот да направи профитен центар За таа цел е оформена општинска лига а формирани се и младински екипи во повеќе училишта. Клубот финансиски е поддржан од компанијата Брако и ,,ЕТФ,,  а се преговара и за уште еден моќен странски финансиер, со кого преговорите се во тек. За уигрување на екипата таа изминатиот период одигра неколку контролни натпревари со екипи од Албанија , Косово и Србија. Екипата на Борец по единаесет одиграни кола е 5-та со 16 бодови пет помалку од четвртопласираната екипа на Џио Струмица

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »