речник контакт

Од Градскиот парк украдени 16 садници дрвја

Засадени во вторникот, украдени попладнето. Во есенската акција во Велес засадени 300 садници дрвја

Петар Печков

Невообичаена кражба утрово е регистрирана во Велес. Од Градскиот парк, украдени се 16   штотуку засадени садници на дрвја. Кражбата ја  забележале вработените од РЕ паркови и зеленило, истите кои во текот на вчерашниот ден  и ги засадиле дрвјата. 

Само еден ден откако во Градскиот парк се насадија садници од бор и смарагдна туја, несовесни граѓани веќе откорнале 15 големи садници од туја и една садници од бор. Апелираме до граѓаните да покажат поголема свест за зачувување на животната средина – изјавија од ЈКП Дервен.

Во вторникот во Градскиот парк во рамките на  есенското засадување, биле засадени 40 нови едногодишни садници, со борови и туји.  Во овој период од два месеци, кога според стручните лица било најдобро да се засадуваат нови садници дрвја, на повеќе локации од Велес  биле засадени повеќе од 300 разни видови едногодишни  дрвја. Дел од нив комуналците стравуваат дека завршиле во дворовите на велешани. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »