речник контакт

Од кал да си од Велес да си!

Раскажано од Јордан Васков

Петар Печков

Не верувам дека постои човек што не ја слушнал или не знае за изреката ,,Од кал да си од Велес да си,,. Иако и други градови си го допишуваат ова дека тие се вистинските ,,создадени од кал,, еве ја приказната за Велес. И тоа од Јордан Васков -  Бацко, дел  поширокото семејство на докторот Панче Васков 
     
Оваа ја имам слушано од моите и зборува колку голем хуманист, доктор и човек бил Панче Васков. Тој ги прегледувал работниците, велешани и не земал пари. Доаѓале и дома, само за да им помогне. Во една пригода дошол  болен работник од фабриката Вила Зора. Било врнежливо а тој каллив, со земја која ја обработувале и тропнал на вратата. Излегол Панче го прашал што е, а човекот срамежливо побарал чаре. Докторот му рекол влегуј нема на врата да се лекуваме. Пациентот покажал дека е каллив и ќе направи бербат. Панче на тоа одговорил ,, влегуј, од кал да си од Велес да си,,.- ја раскажа приказната Јордан за време на неговиот живот со аманет да ја напишам и објавам. За да се знае од каде потекнува, од народниот доктор Панче  Васков. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »