речник контакт

Од недела, летно сметање на времето

Ќе спиеме еден час помалку. Закон кој сите без исклучок го почтуваат...

Петар Печков

Часовниците на пролет, секој последен викенд во  март се поместуваат. Така годинава  на 31-ви март  одат еден час напред и во 2 часот се поместува на 3 часот.

 Во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На Јужната хемисфера почетокот на летното време е обратен од Северната. Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 г., а од 1996. е регулирано со Закон за сметање на времето. Тој е единствениот Закон , кој сите го почитуваат, нема некој што се обидел да оди спроти него.

Малку историја.  Уште од античко време луѓето користеле дневни распореди соодветни на годишните времиња. На пример, кај Римјаните должината на часот варирала: еден час траел 44 минути на денот на зимската краткоденица, а 75 минути на летната долгоденица. Нееднакво траењет на часот во лето и зима сѐ уште се употебува на некои традиционални места во светот, на пример во некои од манастирите на Света Гора.

Во едно анонимно писмо, објавено во 1784., Бенџамин Франклин забележал дека парижаните штедат на свеќи така што стануваат порано во лето за да го искористат денот.
Во 1905. англичанецот Вилијам Вилет го „измислил“ летното сметање на времето додека јавал на коњ едно прекрасно летно утро пред доручекот. Тој бил воодушевен од убавината на утрото и помислил дека е штета што поголемиот дел од лондончаните спијат во најубавото време од денот. Две години подоцна тој го објавил својот предлог, но идејата била прифатена за првпат во Британија дури на 30. април 1916. Во САД летното сметање на времето започнало од 31. март 1918.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »