речник контакт

Одбележан денот на медицинските сестри и акушерки (фото)

Признанија за најдобрите

Петар Печков

 Одбележан е 12 мај Светски ден на медицински сестри, акушерки и техничари. Во Розе салата   на  луѓето кои дел од својот живот им посветуваат на пациентите, им беа врачени признанија за нивната работа. Годинашново мото на одбележувањето беше ,,Медицинските сестри сила за промена,,.

Медицинските сестри  можат да придонесат за подобрување на  флексибилноста на здравствениот систем. Тие заедно со акушерките  со својата посветеност и иновативност, продолжуваат да обезбедуваат здравствена нега, дури и кога  имаат  мали или никакви средства  за работа или организациона поддршка. За подобрување на здравстениот систем потребни се  меѓусекторски напори од сите учесници на сите нивоа. Медицинските сестри дaваат здравствена услуга заедно со другите  професионалци во здравственито сектор и имаат важна улога и треба да имаат клучна улога  во воведувањето на промените - рече  Ружица Нацева претседател на општинското здружение на медицински сестри во Велес.  

 На централната републичка прослава која се одржа во Дојран викендов признанија добија Слободанка Пејчева од Детското одделение и акушерката Анастасија Најдовска. Признанија на општинско ниво добија: Валентина Димевска од патронажа, Милена Коцева од нервно одделение, Павлина Тодоровска од Интерно оддление, Славица Самаракова од  гинекологија и акушерство, Македонка Илиева од хирургија, Петранка Ванова од анестезија,  Благородна Климкарова од детско оддeление. Посебни признанија добија Патронажната служба при ЈЗУ Здравствен дом и инструментарките од хируршките сали при ЈЗУ Општа Болница.

12 мај е денот кога е родена Флоренс Најтингел или позната како Дамата со фенерот - една од најзаслужните за намалување на смртноста на војниците во Кримската војна, по што овој ден се одбележува како Светски ден на медицински сестри, акушерки и техничари. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »