речник контакт

Одговори на прашањата од советниците

Легнати полицајци во Речани и Превалец, урбана опрема во дворот на ОУ Џинот, осветлување на ул. Хаџи Косте во Речани, градскиот превоз наместо до 21 да вози до 22ч.

Петар Печков

На прашањето од Петре Саздов дали е можно д а се постават  забавувачи, кај народот познати како  легнати полицајци во месноста Речани и населбата Превалец  одговорот од локалната власт е:  За поставување на средства за забавување на брзото возење потребно е да се изготви проектна документација и одобрување од МВР СВР Велес.  Стручни служби ќе излезат на терен и направат увид и доколку има услови, да се пристапи кон изработка на проекта документација.  

Нада Трајкова праша дали е можно во дворот на поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот да се постави урбана опрема, одговорот е:  Општина Велес планира поставување на урбана опрема во близина на дворот, бидејќи тој е заграден и со физичко обезбедување  ангажирано од Општината. 

Советникот Ангел Димов праша дали ќе се постави осветлување на улица Хаџи Косте во населба Речани а одговорот од локалната власт  е: Во тековната 2016-та година, од ставката проширување  на   мрежи, ќе се постават нови светилки на оваа улица. 

Живе Катранџиев праша дели е можно во летниот  период градскиот сообраќај наместо до21 часот, да сообраќа до 22 ч. Одговорот од  надлежните од општината е:  Промена нa возен ред прави исклучиво  превозникот, претходно по доставено барање  до  Општината за регистрација нa возен ред.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »