речник контакт

Одмор во Папрадиште, каде орлите се гнездат

Предлог каде да го минете празничкиот викенд, Илинден

Петар Печков

Во пазувите на планината Јакупица, во густа шума каде тешко можат да се распознаат куќите во мноштвото дрва, се наоѓа селото Папрадиште. На илјада метри надморска височина, сместено таму каде орлите се гнездат, под врвот Солунска глава е мијачкиот остров во Централна Македонија.

Престојот во ова село е задоволство, било да е тоа лето или зимо. Половина година, тоа е празно, зиме сите заминуваат од селото за лете да се вратат. Сега во него врие од живот и млади и стари.

До него од Велес се доаѓа по асфалтиран пат за еден час возење, може и со воз до Богомила а потоа пеш или со такси. Со отворањето на планинарскиот дом пред некоја година, селото заживеа . Сега поради големиот број посетители, може да се изнајми и куќа во селото, уредена со сите погодности на новото време.

Домот работи секој ден во седмицата, има 30-тина легла, убаво е уреден, собите се со неколку кревети, има кујна, каде гостите можат сами да подготвуваат јадење. Има и двор каде може да  се постави шатор. Во домот има струја, вода, санитарии, бања. 

Папрадиште е прекрасно место за викенд.. Тука човек за само неколку дена ја надополнува енергијата која ја троши во град и на работа. Во лето е преполно со повратници од Скопје и Велес, има млади, се живее 24 часа. Од куќите  кои се амфитеатрално поставени, се шири неповторлив и прекрасен  поглед кон регионот на Азот.

Дел, постарите куќи, се  заштитени  со плехови за ветерот и дождот  да не ги уништуваат. Посетителите  во Папрадиште не ја пропуштаат можноста да го посетат Марков камен, кој е во близина, каде според преданието Крале Марко кога шетал оставил белег на еден камен.

Трагата не е многу видлива дека е од нога, но преданието долго живее. Папрадишани се гордеат со великаните, значајните културни дејци кои оставиле неизбришлива трга во животот во Македонија.

Тука се големите градители на цркви Андреја Дамјанов основоположниците на македонското сликарство и резба Димитар Анднонов Папрадишки и Ѓорги Зографски, преродбеникот Димитрие Чуповски. Во селото има прекрасна црква. Св. Петар и Павле, дело на Дамјанов, со  исклучително вредни икони, фрески и иконостас.

Прошетката и пешачењето од Папрадиште до Бабина рупа, место каде се пружа најубавиот поглед кон врвот Солунска глава, или кон изворите на Бабуна се  можност за рекреација.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »