речник контакт

Опаѓање на бројот на позитивни случаи со ковид-19 во велешко, денес 27 ново заразени

На Инфективно одделение има 52 пациенти и петмина на Интерно

Петар Печков

Опаѓање на бројот на ново заразени во велешко е регистрирано денес. Центарот за јавно здравје објави дека има  27 нови случаи  позитивни со ковид-19 и седуммина оздравени. 

Така бројката на активни случаи во велешко е 439 лица а досега вкупно заразени со корона се 841.

Од активните случаи на Инфективно одделение се 39 лица, во ГАК Скопје се две родилки, во приватна клиника во Скопје се четворица велешани.

Hа домашно лекување се 394 пациенти. На Инфективно одделение има хоспитализирано 52 лица, од нив 44 е потврдено позитивни, oсум се сомнителни а 17 пациенти се на кислородна поддршка. на Интерно се пет лица, четворица се сомнителни и еден е потврдено позитивен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »