речник контакт

Општина Велес го доби Градскиот стадион

Владата земјиштето го додели на трајно користење. Локалната власт најавува негово уредување и воведување ред во користењето

Петар Печков

Владата и го додели Градскиот стадион на Општина Велес. Оваа одлука е излезена во службен весник бр. 87 од 17 јуни годинава.  Земјиштето се дава без надомест.

Ова е постапено по барање на локалната власт, кој чека одговор и  барањето за отстапување и на Офицерскиот дом и некогашните војнички мензи во близина на полиција. 

Градскиот стадион досега беше без стопан и го користеше кој како сака, не се водеше ред и тој се руинираше.

После 10 годишна борба на сите претходни власти, со голема упорност и настојчивост успеавме да станеме сопственици на Градскиот стадион. Дадовме налог да се санира најнапред опасноста што демене од дрвата склони на паѓање.  ЈКП „Дервен“ да ги исече дрвата, да ја искоси тревата и да го ослободи појасот околу оградниот ѕид за да може потоа и целиот ѕид да се замени со нов.  Дел со проекти, дел со сопствени сили ќе направиме напори да ги средиме и трибините, соблекувалните, тартанот на атлетската патека, се со цел да овозможиме стадионот да исполни стандарди со кои ќе бидеме конкурентни за организирање меѓународни натпревари - рече градоначалникот Славчо Чадиев.

 Тој ги повика младите  на Велес на надворешниот дел од новиот ограден ѕид му  дадат и посеба убавина, со цртање на графити, дел од хип-хоп културата.

 

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »