речник контакт

Општина Велес подготвена за странски инвеститор кој ќе вработи 4 илјади лица

Ќе дојде ли во Велес странскиот инвеститор кој ќе вработи за 10 години 4 илјади лица?

Петар Печков


 Локалните власти на Велес нудат три локации за германскиот инвеститор  како и други поволности, за  неговата фабрика да ја изгради во општината. Тие како предност ја сметаат геостратегиската позиција на Велес , добрата инфраструктура и големиот број невработени лица, чија бројка е околу 13 илјади.

Најголема предност  е автопатот, тој е раскрсница на коридорот север југ, исток- запад,  во близина е рецепиентот  Вардар, железничката пруга.  Велес беше индустриски град, има доволно квалификувана работна снага и голем број невработени лица. Подготвени сме да помогнеме во сместувањето ма луѓето кои би дошле  од страна на странскиот инвеститор, обезбедување на градски  превоз за вработените и секоја друга логистика. Во најскоро време ќе ја завршиме инфраструктурата ако се инвеститорот се реши за локација кај нас – рече Горан Петров градоначалникот на Велес.

Тој немал остварено контакти со инвеститорот и целата работа одела преку  надлежниот министер Веле Самак. Локациите кои Велес ги нуди се во Речани, кај селото Караслари и во близина на реката Бабуна. Германската  фирмата планира во Македонија да отвори производство за електрични инсталации и кабли со околу 4.000 вработувања, во наредните три години. Продуктите од фабриката во Македонија ќе бидат инсталирани во автомобилите на „Мерцедес“ во Германија. Локацијата на новата фабрика во Македонија ќе се потврди во наредните неколку недели бидејќи инвеститорот прави анализа. Фирмата планира оваа година да вработи околу 300 до 400 работници.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »