речник контакт

Општина Чашка нема пари да организира локални избори

Од ДИК објаснуваат ова е обврска на локалната власт. Со ваков финансиски проблем се соочуваат 14 општини во Македонија, меѓу нив и Тетово, Крива Паланка, Арачиново

Петар Печков

Општина Чашка заедно со  други 13 општини нема финансиска можност да ги организира претстојните локални избори.Тие за ова ја известиле Државната Изборна Комисија  Така локалните избори во 14 општини  се доведени во прашање.

Општинските власти немаат пари за да го организира гласањето и за тоа веќе ја известиле Државната изборна комисија. Апелираат дека без финансиска помош од државата нема да можат да ги спроведат изборите на 24 Март. Претходно ДИК и Министерството за финансии побарале од општините согласно Изборниот законик да обезбедат финансиски средства.

Сепак, за општините меѓу кои, Тетово, Арачиново, Крива Паланка, Богданци, Демир Хисар, 50 000 евра за два изборни круга се големи пари. Од ДИК велат дека тие се надлежни за избирачкиот материјал за што веќе добиле пари од министерство за финансии, додека локалните власти се должни да обезбедат финансиски средства за избирачките одбори. Тоа е предвидено и во членот 88 од Изборниот Законик.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »