речник контакт

Оризарец со глоба од илјада евра, оти сакал да поткупи испитна комисија

Откако паднал на испит, ветил илјада евра да мине

Петар Печков

Оризрецот Хасо Папиќ  е казнет с о илјада евра  глоба, откако паднал на практичниот испит за возач а понудил исто толку за да положи.

Според обвинението Пепиќ на 2-ри јуни, минатата година   на полигонот во Испитен центар, обвинетиот Хасо Папиќ директно на одговорните лица на Испитен центар Здружение на возачи,  членови на Испитната комисија, им ветил награда од илјада евра,  ако тој го мине практичниот дел од возачкиот испит.  

Претходно по направени грешки и 51 негативни бодови од првиот практичен дел од возачкиот испит-полигон, одговорните лица изготвиле Записник дека обвинетиот не  положил, им пришол и им ветил да им даде 1.000 евра за да му изготват Записник дека положил.

Посакал  да му биде овозможено полагање со градско возење и да му биде издадено Уверение за положен возачки испит, кое нешто сведоците го одбиле, а случајот го пријавиле во полиција.  

По ова, постапувајќи по обвинението, Пепиќ е осуден н а парична казна од  стодневни глоби, во вредност од 10 евра за една дневна глоба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »