речник контакт

Оскарот за кујна за данскиот ресторан „Нома“ , кој е прогласен за најдобар ресторан во светот

Исто како и во 2010, данскиот ресторан „Нома“ на 32- годишниот Рене Реџепи е прогласен за најдобар ресторан во светот од страна на британската ревија „Ресоторан Магазин“.

Петар Печков

Вториот по ред успех на данскиот шеф Рене Реџепи ја крунисува неговата креативност, вистински амбасадор на нордиската кујна составена од локални сезонски производи: млеко, лангустин, костени, црн леб, домашни киселини... Рестораното „Нома“ се наоѓа во еден реновиран магацин на пристаништето во Копенхаген.

Изборот на најдобар ресторан се прави од страна на 800 килинарски критичари и експерти од целиот свет.

Шпанија меѓу првите пет од листата на 50 ресторани во светот има два ресторани „Ел Целер де Кан Рока“ и „Мугаритаз“, „Арзак“ е осми. Легендарниот „Ел Були“ на Феран Адриа повеќе не е на листата иако четири пати беше победник. Најголем пробив според комуникето на конкурсот, прави бразилскиот ресторан „Д.О.М.“ на Алекс Аѕтала кој скокна единаесет места и се најде на седмото место.

Италијанскиоот ресторан „Остериа Францескана“ и „Фат Дак“ на англичанецот Хестон Блументал, приврзаници на молекуларна кујна се наоѓаат меѓу првите десет. САД со „Алинеа“ на 6 и „Пер Се“ на 10-то место, додека Франција меѓу првите дест има само еден ресторан „Ле Шатобријан“ на Инаки Аизптарте на 9-то место. Франција има осум ресторани меѓу најдобрите 50 во светот.

Како по обичај ова рангирање ќе биде оспорувано од незадоволните како не многу строго и дека тоа ја одразува модата во светската кујна, што е случај секогаш кога се објавува оваа ранг листа на 50 најдобри ресторани во светот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »