речник контакт

Ослободителна пресуда за директорот на Киро Ќучук, Киро Камчев

Киро Камчев, директор на АД Киро Ќучук е ослободен од обвинението за злоупотреба на службена должност.

Петар Печков

Во недостаток на докази Камчев доби ослободителна пресуда, во судскиот процес кој во Основниот суд во Велес траше две години. Според обвинението тој се товараше дека против правно присвоил значителна сума на пари, не помалку од 15 милиони денари со што  ја оштетил фирмата каде бил извршен директор.

Во повеќе наврати Камчев испорачувал стока, тули, цигли и друг градежен материјал на повеќе лица, со крајна цел да ги купи акциите во висина од 9,2 милиони денари сопственост на Јордан Јорданов и наместо да ги плати од сопствен џеб,   ги платил со производи од друштвото каде управувал. Камчев се товареше дека во моментот кога беше  уапсен на 20 мај 2008-тата, кај него се пронајдени 4,4 милиони денари пари во готово, кои биле подигнати од касата на друштвото. Обвинетиот сметаше дека сите  поднесени кривични пријави се дел од  хајка што се води против него.

За исправноста на мојата работа може да посведочи фактот што против мене беа поднесени повеќе кривични пријави, но ниту една не се процесуираше. Сите беа отфрлени. Ова е податок дека против мене одредени лица водат хајка. Така и за ова последната не се чувствувам виновен, ниту сум го сторил делото – изјави Камчев во завршниот збор. 

Тој за ова дело мина десетина дена во притвор а истражниот судија Валентин Зафиров, тогаш изрази  несогласување со барањето за отварање на истрага и сметаше дека нема кривично дело, ниту потреба од притвор.  Судскиот вештак Илко Петрушевски  кој работеше на предметот, во сведочењето рече дека парите кои биле примени на каса, биле исплатени за намената за кои се неведени и за потребите на фирмата. Тој не можеше да каже дали со извршените транскации е направена материјална штета или друго лице имало корист, бидејќи тоа било правна квалификација. Обвинителството сметаше дека понуденото вештачење, нема доволно валидни докази.

Нејасно е дали стоката која е предадена на фирмите  е фактурирана.  За исплатата на позајмици нема договори за заем. Потоа дали петте исплатени плати за седум дена, се  дадени на работниците, бидјеќи не е познато  чии се потписите на исплатните листи –изјави обвинителката Славица Темелковски. 

Од каде се 4,4 милиони денари, пари во готово пронајдени во ташната на Камчев?

Ташната со пари, која крена многу дилеми во јавноста за нивното потекло, Камчев самиот ја пријавил кога бел уапсен. Во неа полицијата пронајде 4,4 милиони денари. Тие  според  директорот планирал да  му ги даде на адвокат Петар Трајковски, за да ги исплати неговите  четири клиенти, откако претходниот ден на Македонската берза тие продале акции од  АД Киро Ќучук. Во прилог на ова поднесоа документ од Централниот депозитар на хартии за вредност, со кој се потврдува дека се продадени акции. Парите не се подигнати од касата на друштвото тврдеше Камчев.  Обвинителството сметаше дека за оваа негова активност тој нема  никаков писмен документ, кој на кого му продал акции и кого акционерите  овластиле  да им ги исплати парите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »