речник контакт

Отворен бесплатен интернет клуб

Го отвори Министерството за информатичко општество

Петар Печков

Во просториите, кои се наоѓаат во некогашното кино, се отвори  интернет клуб. Тој е дел од проектот на Министерството за информатичко општество  и е 30-ти по ред  интернет клуб кој се отвора во Македонија.   Клубот има седум  компјутери и е отворен за секој граѓанин кој има потреба. 

Овие интернет клубови кои ги отвора Министерството имаат повеќе цели. Примарна е  процес на инклузија, овозможување на пристап до интернет    содржините на што е можно повеќе граѓани. Истовремено  во нив се одржуваат обуки за информатичка технологија  - изјави Тимчо Муцински, заменик министер за информатичко  општество.  

Минатата година  околу 128 илјади посетители ги користеле услугите на овие интернет клубови во Македонија а 70 отсто била млади лица. Интернет клубот има едно вработено лице,  работи секој работен дена од  9 до 17  часот, сабота и недела не.  

Просторијата за негова работа е обезбедена од локалната власт. Градоначалникот најави дека со отворањето на оваа просторија, наскоро ќе бидат дадени на јавен повик трите останати од соседството чие реновирање е завршено, со што  дуќаните  ќе проработат до крајот на летото. Чадиев  потенцира дека киријата која  ќе ја собираат од овие простории, ќе се користи за уредување на киното.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »