речник контакт

Отворено Советувалиште за брак и семејство

Воведени се и отворени денови за прием на странки во Центарот за социјални работи, секој вторник и петок од 9 до 16 часот

Петар Печков

Центарот за социјални работи од Велес отвори советувалиште за брак и семејство. Тоа започна со работа од средината на јануари а сместено е во простории кои се наоѓаат близу Железниот мост, каде  работи патролниот социјален работник .

Тоа работи секој втор четврток од 12 до 18 часот и посетата е бесплатна и доверлива. Со странките работи тричлен стручен тим  составен од педагог, социјален работник, правник и психолог. Тие работат со странките  на теми за семејството, бракот и родителството. Нив можат да ги посетуваат освен лицата кои се упатуваат на советување и граѓани, кои чувствуваат потреба да разговараат со стручни лица за овие теми.

Телефон за обезбедување на термин во советувалиштето е 070/ 380 721 или 043 231 426 и 222 575  или на електронската адреса : 

sovetuvalistezabrakveles@gmail.com    jumcsrveles@mtsp.gov.mk

 Ова новина е воведена преку Министерството за труд и социјална политика. Истовремено од овој месец воведени се и приемни денови  во Центарот за социјална работа, за  граѓаните за полесно остварување на одредени права и услуги. Тие се секој вторник и четврток во рамките на работното време од 9 до 16 часот. 

Од Центарот за социјална работа потсетуваат дека од денес, 3-ти февруари започна и обновата на документацијата за остварување на права на родителски детски додаток. Обновата трае до 31 март.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »