речник контакт

Отстранети 28 стари и деградирани дрвја (фото)

На повеќе локации во градот поради опасност по околината се пресечени стари исушени дрвја

Петар Печков

Изминатите денови, велешките комуналци исекоа повеќе дрвја, на различни локации од градот. Тоа се дрва кај кои нема вегетација и се исушени, објаснуваат надлежните.  Ова се прави за да се отстранат поради потенцијалната опасност по околината. 

Деновиве Секторот Паркови и зеленило работат на отстранување на 28 стари и деградирани дрвја, со цел отстранување на потенцијалната опасност за околината и избегнување на можните последици од евентуално паѓање на дрвјата, гранките или делови од нив. Тоа се работи  на повеќе локации во градот: ул. Благој Ѓорев, ул. Наум Наумовски Борче, ул. Борис Трајковски, ул. Христо Татарчев, ул. Алексо Демниев, во паркот кај Автобуската станица, и во Градскиот парк - информираа од ЈКП Дервен.  

Сечењето на старите исушени дрвја е  по налог на Општина Велес, чии служби извршиле проценка што треба да се исече. 

Пред 10-тина години старо, дотраено дрво падна на патот Велес - Башино село, удри врз автомобил и го усмрти возачот. За тоа општината плати десетина илјади евра обесштетување.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »