речник контакт

Отфрлена иницијативата за разгледување на уставноста на случајот Хотел Горно Врановци

По оваа одлука на Уставниот суд, од општина Чашка сметаат дека хотелот може да се отуѓува

Петар Печков

На  седница на  Уставниот суд  беше разгледување на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката  за пренесување на правото на сопственост на недвижна ствар од општина Велес на општина Чашка,донесена од Совет на општина Велес на 11 јули 2012 година, а заведена на 12 јули. Според портпаролот на Уставниот Суд Југослав Миленковиќ таа е отфрлена.

Иницијативата која е поведена од страна на СДСМ – Велес за уставноста на одлуката на Советот на општина Велес Уставниот суд нема да расправа, бидејќи според содржината таа не е пропис кој Уставниот суд го разгледува – изјави Миленковиќ.

Наскоро страните во случајот ќе ја добијат и писмено образложената одлука на  Уставниот суд.  Претходно Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе одлука дека се стопира одлуката за подарување на Хотелот во Горно Врановци. Од Општина Чашка по ова сметаат дека тие можат да го продаваат објектот, кој во два наврати  го нудеа за 500 и 400 илјади евра, но немаше заинтересирани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »