речник контакт

Парите од пречекот и прославата за Нова година, општина Велес ги пренамени за социјално ранливите

Семејствата сами ќе одлучат за што ќе ги искористат, храна, огрев, облека, обувки

Петар Печков

Локалната власт реши нема пречек, ниту настани пред Новата година.   Наместо парите да завршеле  кај пејачи, озвучување, учесници, тие ќе бидат пренаменети за социјално ранливите категории.

Општина Велес  одлучи годинава, како и претходните да нема пречек ниту прослави на Новата година.    Вработените одлучија средствата на кои се предвидени за вакви намени да бидат пренасочени  за хуманитарни цели, на лица на кои им требаат.   Во соработка со Центарот за социјални работи, ќе ги поделиме на 20 семејства. Тие самите ќе одлучат за што ќе ги искористат. И тие да ги минат празниците во пријатно расположение. И тие имаат право да се радуваат  – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.  

 Во  Општинскиот Буџет биле предвидени 120 илјади денари за настани поврзани околу дочекот на Новата 2017-та година. Овие пари   ќе се распределат  на 20 семејства. Дали ќе бидат за храна, огрев, облека, обувки ќе одлучат самите корисници.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »