речник контакт

Парична помош за Асанови чија куќа изгоре до темел

Советот одвои 30 илјади а градоначалникот 10 илјади денари

Петар Печков

Локалната власт со 40 илјади денари го помогна Џафер Асанов чија куќа изгоре до темел  во пожар кој се случи на 14 мај годинава. Во пожарот почина и неговата сопруга Џева Османи, која како неподвижна жива изгоре.

Советот на општина Велес на петочната седница одвои 30 илјади денари како помош а претходно градоначалникот Славчо Чадиев одвоил 10 илјади денари за Османи. 

Бидејќи куќата во која тој живееше е изгорена до темел, овој период се снаоѓа и живее кај пријатели и соседи, заедно со неговиот син Ердоган. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »