речник контакт

Парични казни за четвртина од велешките лекари

Препишале повеќе од лимитот на лекови

Петар Печков

Шеснаесет велешки приватни доктори се казнети оти минатиот месец препишале на пациентите повеќе лекови отколку што е лимитот. Паричните казни се движат од 500 до две  илјада евра. За  ова реагираше и претседателот на Здружението на приватни лекари  на Македонија. 

Прашуваме зошто кога во јавното здравство докторите кои работат повеќе. се вложуваат  и се наградуваат, кај нас во приватното се казнуваат. Сите овие доктори  и амбуланти кои се казнети лекувале и  се грижеле за пациенти. Верувам дека ниту еден од докторите не го пречекорил режимот на препишување на лекови – изјави д-р Лили Чолакова Дервишева претседател на Здружението.

Казнетите доктори  реагираат на казните оти тврдат дека станува збор за голем број на хронично болни и лековите препишани за нив не треба да се сметаат за превенција. Затоа тие бараат промена во  правилникот за издавање на рецепти. Во Велес има 54 приватни амбуланти а од нив 16 се казнети.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »