речник контакт

Патниците од железница си ги бараат парите за месечните билети од септември

Петстотини ученици, студенти,вработени мораа покрај купената месечна карта со воз, да плаќаат превоз до Скопје со автобус

Петар Печков

Велешките патници си ги бараат парите назад од Македонски Железници -транспорт, оти две седмици не можеа да ги користат возните месечни билети до Скопје и назад.  

Поради не сообраќањето на патничките возови во земјава, во периодот од 9-ти до 25 септември поради штрајкот на машиновозачите, корисниците на месечните билети од градот, не можеа со воз да стигнат до Скопје и се вратат дома, откако претходно платија месечен возен железнички билет. Ученици, студенти, вработени веќе ја започнале постапката, со кои си ги бараат своите права.  Од шалтерите на железница ги подигале документите, со кои си ги бараат нивните права како оштетени патници. 

\Бараме да ни ги вратат парите или пак да ни одобрат месечен  билет за октомври.  Во овие две седмици  моравме да се возиме со автобуси, или автомобил така што дополнително го оптоваривме домашниот буџет. Најтешко ни падна што последниот воз од Скопје во 22,40 не сообраќаше а тогаш нема автобус, па моравме да се возиме со таксисти кои ни наплатуваа високи цени или да престојуваме кај роднини. некои земаа одмор,други неплатени денови    - велат велешани кои користат месечни билети на релацијата Велес - Скопје и обратно.

Тие се околу 500 лица како и уште 50 од населбата Чашка.  Нивниот биле чини 2,4 илјади денари.  Бидејќи телефонот за информации  на железничката во Велес со години е исклучен, патниците во првите денови доаѓале со автомобил до таму, откако ќе дознале има или нема воз, се организирале и со коли патувале до Скопје. Тие сега се во дилема дали ЈП МЖ -Транспорт, оддел Патнички сообраќај,  ќе им ги признае сметките од горивото кое го точеле додека патувале до Скопје.

Во нивен  прилог се и секојдневните платени патарини на оваа релација. Други пак ќе ги приложат билетите од  автобусите. Во овие две седмици  имало по еден воз и тоа за Битола, наутро и попладне и толку, останатите биле  во прекин, освен меѓународните.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »