речник контакт

Пендаровски на средби и разговори со велешани

Со велешани зборувам за влезот во НАТО и придобивките од тоа

Петар Печков

Стево Пендаровски консензуалниот претседателски кандидат на СДСМ, и на  31 коалиционен партнери, меѓу нив и  на ДУИ, за претстојните избори закажани за 21-ви април, денес беше на средби со велешани. 

Не дојдов со политички ветувања, бидејќи граѓаните се имаат изнаслушано од нив а подоцна не произлегло ништо од нив.  Со велешани зборувам за влезот во НАТО, што де факто и е. Влезот во НАТО значи зголемени инвестиции, повеќе работни места, повеќе шанси за подобар живот во својата земја.    Во пракса сите земји кои последните 10-тина години влегле во НАТО имаат за два или три пати зголемени странски инвестиции.  Јас зборувам за Македонија членка на НАТО и ЕУ, со отворени порти за подобар живот за сите нас. Од друга страна имаме оспорување на Преспанскиот договор  а со тоа оспорување на нашето членство во ЕУ и НАТО. Тоа е  концепт на 19 век, на популизам и национализам - рече Пендаровски.  

Тој одговори и на новинарското прашање  за разлика од претходните кампања и негова и на други кандидати, тој се обраќа на повеќе етнички заедници. 

Кандидатите за претседател мора да се обраќаат бидејќи тој мора да биде претседател на сите.  Не треба да се обраќам само на твоите, туку на сите, не само на Македонците туку и на останатите граѓани во земјава, не можам да ги запоставам.  Албанците се 25 отсто,  10 други  и не можеме толкава бројка граѓани да запоставиме, зошто не се од иста етничка пипадност како кандидатот - објасни Пендаровски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »