речник контакт

Пет сообраќајки викендов во велешко, поради лизгавиот и смрзнат коловоз

Среќа учесниците минале со полесни повреди но има поголема материјална штета.Полицијата предупредува на внимателно возење и користење зимска опрема

Петар Печков

Пет сообраќајки и четворица повредени е билансот од сообраќајниот билтен за  изминатиот викенд  во  велешко, информираа од   СВР Велес. Причината се смрзнатиот  и лизгав коловоз. Ги имало на  регионалниот пат Велес- Градско две  и по една на магистралниот пат Велес -Градско,  на магистралниот пат Градско -Велес, на локалниот пат Велес- езеро Младост.

Патниците кои биле повредени се со полесни повреди, дел здржани во Болниците, дел пуштени на домашно лекување.  Најспектакуларна било излетувањето на автомобил форд мондео со двајца патници во клисурата на Вардар, близу  Велес, кога поради лизгавиот коловоз  излетале од патот, прелетале над пругата и слетале покрај реката Вардар. Среќа е што двете лица минале со полесни повреди и веднаш биле пуштени на домашно лекување.

СВР  Велес апелира до граѓаните за  зголемена внимателност и претпазливост при управување на моторните возила и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Полицијата  потсетува и на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во периодот од 15 ноември  до 15. март следната година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »