речник контакт

Пет од ново откриените случаи се поврзани со старецот кој почина од ковид-19

Две лица се поврзани со ПС Петровец и едно со Клинички центар Скопје

Петар Печков

Нови осум случаи на заболени со ковид-19 во Велес се регистрирани изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство.  Така бројката на досега заболени во градот стигна до 18 случаи. 

Надлежните од здравствените институции од Велес,  информираа дека   пет  од ново заболените се во роднинска поврзаност со старецот, кај кого ковид-19 беше откриен после смртта.

Двата други случаи се во поврзаност  со ПС Петровец, и еден случај е поврзан со  Клинички центар Скопје 

Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дека едно лице, случај од првите шест,  откако на два теста покажал негативни резултати е дома. Лицето претходно се лекуваше на Инфективната клиника во Скопје. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »