речник контакт

Петнаеасет деца со инвалидитет на одмор во Бар

Тие десет дена ќа престојуваат на рехабилитација со помош на граѓанско здружение ,,Хуманитарна фамилија,, од Бар

Петар Печков

Петнаесет деца  од Здружението на лица заболени од церебрална парализа заминаа  во Бар – Црна Бора на десетдневен летен  одмор.   Нивниот престој, сместување и храната го обезбеди тамошното граѓанско здружение ,,Хуманитарна фамилија,, од Бар  која обезбедува рехабилитација за стотина деца од сите поранешни Југословенски републики, два пати годишно, пред и по летната сезона.

Благодарејќи на љубезните домаќини обезбедивме престој за нашите членови.  Рехабилитацијата на море битно ќе  влијае на нивната здравствена состојба, бидејќи таа дава позитивни резултати врз животот на лицата со инвалидност. Ова е прво учество на лица од Македонија иако црногрците неколку години го организираат овој летен камп – рече  Далиборка Златева, претседателка на Здружението на лица заболени од церебрална парализа организатор на одморот.

Од петнаесетте деца што заминаа 12 се од Велес и три од Градско а тие за Бар одат во придружба на нивните родители. На почетокот од септември од Велес ќе замине нова група на  лица со посебни потреби кои ќе престојуваат исто така десет дена на рехабилитација во Бар.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »