речник контакт

Пливачката Богдановски ќе го носи македонското знаме на отворањето на ЛОИ во Рио, на Маракана

Богдановски е родена во САД, по мајка е велешанка

Петар Печков

Пливачката Анастасија Богдановски ќе го носи  македонското знаме на отворањето на Олимпијадата во Рио во Бразил.  Ова е одлука на Македонскиот Олимписки комитет, кој одлучи Ана да  ја предводи малобројната македонска екипа, на светски познатиот стадион  Маракана.

Таа  е затечена од оваа одлука, но и импресионирана, што ќе  го носи македонското знаме. Анастасија е родена во САД а по мајка е велешанка.      

Кога дознав дека јас  ќе  бидам носителот на македонското знаме, бев премногу радосна. Искрено трпки ми минаа низ телото. Не можам да опишам колку сум горда, што МОК и мојата земја  ме избраа мене за знаменосецот.  Да бидам прва во македонската делегација, кога ќе влезе на стадионот во Рио е огромна чест. Многу сум благодарна на МОК за нивната поддршка и голема доверба – порача Богдановски.

Таа ќе пливаа на 200 метри слободно на 8-ми август во  Олимпискиот Аквастик стадион.    Ветува дека ќе плива најдобро, за да постигне нејзин најдобар резултат.    Богдановски ги стави во мирување студиите на медицина една година, и се посвети на подготовките за Олимпијадата.  

Македонската селекција на Олимпијадата во Рио  брои шест спортисти, освен Богдановски, ќе се натпреваруваат пливачот Марко Блажевски, атлетичарите    Ристе Пандев и Дрита Исљами, стрелачката Нина Балабан и џудистката  Катерина Николовска.  

Богдановски е втора велешанка  која ќе настапи на Олимпијада. Во Лондон, учествуваше атлетичарот Кристијан Ефремов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »