речник контакт

По 20-ти пат Бадникова вечер

Цел дружење и запазување на семејните вредности

Петар Печков

Четири велешанки беа куми на Бадниковата вечер која се одржа во Розе сала. Тие подготвија стандардно погачи, посно гравче, риба, посна сарма и посни слатки. Сето тоа беше поделенo на гостинките во салата.  Стотина жени  се дружеа, забавуваа на посната трпеза. Овој настан се случува пред Бадник, оти на оваа вечер, жените како и останатите членови на семејствата се дома, во фамилијарна атмосфера.

Цел е дружење на жените од Велес, со   запазување на Божикните вредности кај помладата популација и почитување на овој верски празник. Оваа манифестација е заеднички со Повардарската Епархија и ние први започнавме соработка со нив  – рече Мирјана Трајковска од локалната Организација на  жени од Велес.  

Бадниковата вечер е во организација на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА и Организацијата на жени од Велес.  Чинот на осветување на трпезата и кршењето на лебот го изврши  свештеникот  Боре Симоновски.  Во сите четири погачи од годинашните куми има паричка, и на гостинка која ќе и се падне е кума за следната година.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »