речник контакт

По Вардар тргнаа Гемиџиите, годинава регатата меѓународна

Учествуваат стотина ,,Гемиџии, меѓу нив гости од Бугарија и Србија

Петар Печков

 Претпладневно од Мало мовче по 17 ти пат тргна Вардарската регата. Годинава најмасовна со учество на стотина лица и за прв пат меѓународна. Меѓу ,,Гемиџиите има и гости од Црвениот крст на Бугарија  и од Извиднички  одред од Ниш Србија.

 Првиот ден се плови до локалитетот Стоби а се ноќева во   НАТО кампот Стрела 1 во Пепелиште. Вториот ден се плови до Демир Капија, третито до Маравинци а четвртиот  и завршниот дел до Гевгелија.

Свечениот чин на запловување го означи градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев кој симболично во водите на реката Вардар фрли венец.

Почетокот на регатата беше со силен северен ветер, кој на модерните ,,гемиџии,, им овозможи брзо пловење по реката Вардар, која годинава е со ниво како и претходните.

Годинава има и најголем број на пловила 14, со кој учесниците треба да допловат до Гевгелија.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »