речник контакт

По три години затвор за двајца гостиварци за 2 кг хероин

На граница не прифаќале дека пренесувале дрога, но откако на видео камерите од автобуска од Истанбул е снимено дека тие се сопственици на торбите, го признале делото

Петар Печков

Џевад Дамоли (39 год) и Демирали Асипи (51 год) од Гостивар  добија по три години затвор, затоа што пренесувале хероин. Пресудата им беше изречена во Основниот суд во Велес, откако  тие си ја признале вината и делото за кое се товарат ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги ,, .

Иако во прв момент кога хероинот 1,9 кг бил откриен во автобусот, никој  од 43-те патници, вклучувајќи ги и Дамоли и Асипи не знаеле чија е торбата, подоцна во судот во Велес двајцата обвинети го признале делото. Ова откако македонските служби побарале и добиле видео снимка од автобуската станица во Истанбул, каде се гледа кој ја носи торбата и чија  е таа.

Подоцна на граничниот премин Богородица на 25 март годинава, во 4,30 наутро,  при редовна  контрола на автобус ,,Јадран туризам,, на турска превозна компанија, откриени се 1,9 кг килограми хероин.  Автобусот сообраќал на  редовната линија Истанбул - Струга а дрогата била откриена  во црна торба со двојно дно. Таа била спакувана во 4 црни кеси, обвиткани со селотејп.

Обвинетите  Асипи и Дамоли дрогата ја набавиле во Истанбул и сакале преку Македонија да ја транспортираат во Швајцарија. Тие по претходен договор и план за пренос на дрога, отпатувале во Истанбул каде набавиле 1,9 кг килограми хероин и имале намера прво да го пренесат во Македонија, а потоа да го транспортираат во Швајцарија каде требало да го продадат.

Во Истанбул, Дамоли, заедно со уште едно лице - турски државјанин ја спакувале дрогата и ја сместиле во црна патна торба со изработено дупло дно. Македонските државјани потоа со автобус заедно со дрогата тргнале кон Струга, но на граничниот премин Богородица беа откриени од страна на царинските службеници. До правосилноста на пресудата и двајцата остануваат во притвор. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »