речник контакт

Победа на Форшпед во женското дерби на одбојкарската лига

Двете кипи на Борец Брако доживеаја порази на гостувањата.

Петар Печков

Вицешампионот  во машакта лига имаше проблеми да го "скрши" отпорот на велешкиот тим, кој најави дека сезонава ќе биде незгоден противник кога станува збор за фаворитите. Синалко - Борец Брако 3:1 (25:21, 25:22, 22:25, 25:23). По пет кола Борец Брако е шести со една победа и три порази.

Во женска конкуренција вистински дерби натпревар Форшпед и Работнички им сервираа на љубителите на одбојката вчера попладне во "Гемиџии" комплетно оправдувајќи го дадениот епитет, а на задоволство на фановите и со победа на домашниот тим, 3:2. Форшпед - Работнички 3:2 (11:25, 25:23, 25:22, 24:26, 15:11). Екипата на Борец Брако загуби со уверливи 3:0 во Струмица од лидерот на табелата. Македонија Макс - Борец Брако 3:0 (25:12, 25:11, 25:19). По пет кола Форшпед е четврти со три победи и два порази а Борец Брако е шести со една победа и три порази. В сабота е градското дерби Борец Брако – Форшпед.

Вчера требаше да се игра и натпреварот до единаесеттото коло на Супер лигата во ракомет помеѓу Борец и лидерот Зонимак од Струмица. Средбата се одложи на барање на домаќините.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »