речник контакт

Победи за футсал екипата на КМФ Кеги моби и за фудбалерите на ФК Борец

И двете екипи се во борба за опстанок, претпоследни се на табелата

Петар Печков

Футсал екипата на КМФ Кеги моби во натпревар од 13 коло на Првата лига, го совлада тимот на КМФ Проект со 2:4. Средбата се играше во салата Гемиџии. Домаќинот КМФ Проект е четврто пласиран тим, додека велешани пред оваа победа беа последни а со овие три бода се искачија на 9-тото место со 11 бода, фенерот му го предадоа на КМФ Железарец кој има 9 бода. Во следното коло во Велес гостува тимот на КМФ Јувентус серав, кој е 6-ти со 17 бода.

Во Втората фудбалска лига се одигра вонредното 19 коло а ФК Борец дома победи со 2.1 против тимот на ФК Каменица САСА, кој беше петто пласиран. Гостите поведоа во 8 минута, велешани израмнија во 43 минута. ФК Борец во водство стигна во 63 минута. Тоа беше и конечниот резултат, со кој ФК Борец стинга довтора победа и 10 бода, но и натаму е претпоследен 15. Следното коло дерби на дното, гостува во Богданци на последно пласираниот ФК Вардарски, кој има една победа и 5 бода.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »