речник контакт

Повардарска епархија издаде две нови книги

„Исус Христос - чудо на светската историја“ и „Беседи за животот по животот-том II“ се насловите на двете нови изданија

Петар Печков

Повардaрскaта Епархија, преку нејзината издвачка дејност ,,Св.Ѓорѓи Полошки,, подготви и испечати две нови изданија.  

„Исус Христос - чудо на светската историја“ и „Беседи за животот по животот-том II“ се насловите на двете нови изданија.

Книгата „Исус Христос - чудо на светската историја“ од српски јазик ја преведе презвитера Ксенија Пармачки, додека книгата „Беседи за животот по животот-том II“ е превод од бугарски јазик, кој го подготви протоереј Миле Љ. Штрбевски.  

Издавањето на овие две книги   е  во пресрет на Велигденскиот пост.

Нашата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“, останува доследна на својата мисија, да биде еден од столбовите на просветно-издавачката дејност на Македонската православна црква, притоа исполнувајќи го аманетот на нашите рамноапостоли Кирил и Методиј, да го штитиме, величиме и славиме нашиот свет македонски јазик - велат од Повардарската Епархија на  МПЦ-ОА.  Книгите може да се најдат во сите храмови на Повардарската епархија или да се порачаат директно од издаваштвото на Повардарската епархија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »