речник контакт

Повеќе лица се осомничени за смртта на Тамара

Една година по трагичната смрт, обвинителството информираа дека има лица кои се сомничат дека несовесно работеле во службата

Петар Печков

Основното јавно обвинителство ја известува јавноста дека во врска со настанот што обвинителството го оформи по допрен глас за случајот на Тамара Димовска од Велес, спроведена е истрага . Од преземените дејствија произлезе дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од Кривичниот законик.

Во својство на осомничени, лицата се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител. Истрагата продолжува до  целосно расветлување на случајот. По завршување на сослушувањето ќе биде донесена јавно обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена.

Десетгодишната   Тамара Димовска почина утрото  на 9-ти февруари  во  шест часот наутро. Безуспешни биле напорите на докторите во Итната помош и Болницата да и помогнат на малото девојче. Тамара имаше проблеми со искривениот `рбет поради што требаше да се оперира во странство.  

Димовска имаше вродена маана на рбетниот столб и во очекување на веста каде и кога  ќе се лекува, девојчето почина. Тамара Димовска имаше 80 отсто искривување на рбетот и чекаше подолго време, неколку месеци за  да се оперира  надвор од Македонија, оти во земјава нема соодветна апаратура. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »