речник контакт

Повисоки цени за крштавки, венчавки и погреби

Од Повардарската Епархија негираат дека има повисоки цени

Петар Печков

Од почетокот на годинава верниците од Повардарската Епархија плаќаат повисоки цени за крштавки, венчавки и погреби.  Тие се повисоки  од 500 до две илјади денари, во зависност од обредот.   Одлуката е донесена на почетокот на месец јануари на ниво на МПЦ-ОА а Повардарската Епархија набргу започнала де ги применува.  Oва е според сведочење на верниците кои  изминативе  два месеци користеле било која услуга. За разлика од нив, од Повардарската Епархија негираат.

 Не поседувам информација дека услугите се поскапени - изјави претставник на  администрацијата на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА.  

На прашањето како тоа верници посочуваат дека платиле повисоки цени од претходно, одговор немаше. И во недостаток на одговор за колку се покачени цените на  обредите, низ разговори со верниците може да се потврди  дека се покачени од петстотини  до  две илјада денари.

Со сопругата бевме во ноември да закажеме крштавка на ќерката за јануари. Договоривме и ги видовме цените дека се 1.200 од кумот  со 1.800 од нас или вкупно три илјади. Кога бевме на крштавка плативме 3,5 илјади, две од нас и 1,5 од кумот. На прашањето зошто така, ни рекоа дема имаат повисока цена  - вели млад брачен пар.   

Повисока цена има и погребот, тоа низ пример го раскажува семејство кое им се случило за два месеци два погреби.

Мајка ми почина  при  крајот на минатата  година и плативме три илјади денари за погреб. Татко ми почина  пред десетина дена и плативме 5 илјади денари. На прашањето зошто, ни одговорија повисоки цени - вели член на семејството.  

Друг пример за повисоките цени, е за починат по селата, каде има силни реакции поради платежната моќ на тамошното население.

Мајка ми почина на Водици. Плативме три илјади денари наместо две како дотогаш.  Дали црквата е свесна дека по селата луѓето земат ниски земјоделски пензии и дека ќе погребуваат без свештеници, дека пола пензија треба да ја дадат на попот, оти се плаќа и такси за превоз и други давачки -вели соговорникот.

Повисоки цени има и за венчавки, наместо 6 илјади се плаќа седум илјади.  Познато е дека и за венчавка во период на Велигденски пост се плаќа 1,5 илјади казна плус 7 илјади денари давачка, што  за верниците е  неразбирливо. Се чудат ,,каква казна и кој ја изрекува,,

Реакциите на верниците се жестоки по ова  покачување, кое за надлежните од Повардарската Епархија и не постои.  Покачувањето, како што претходно изјавија од МПЦ за медиумите, било од економски причини и поради порастот на економската моќна населението . 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »